За Договорот за олеснување на трговијата

Договорот за олеснување на трговијата е првиот договор, склучен во Светската Трговска Организација СТО од сите негови членови.

Олеснувањето на трговијата стана тема на дискусија на СТО во Сингапур на министерската конференција во декември 1996 година, кога членовите го упатија Советот за трговија со стоки да превземе истражувачка и аналитичка работа за поедноставување на трговските процедури со цел да се процени обемот на правилата на СТО во оваа област "(Сингапур Министерската декларација, параграф 21).

По неколку години на истражувачка работа, членките на СТО официјално се согласија да ги започнат преговорите за олеснување на трговијата во јули 2004 година, врз основа на модалитети содржани во Анекс Д од т.н. " Јулски пакет" (WT / L / 579). Во рамките на овој мандат, членовите се насочија да се разјаснат и подобрат член V (слобода на транзит), член VIII (Надоместоци и формалностите поврзани со увоз и извоз) и член X (Објавување и администрирање на птрговските регулативи) ​​од ГАТТ 1994 година.

Стотици на предлози дадени од страна на членовите, самостојно или преку групи или сојузи, беа поднесени за разгледување од страна на преговарачка група. По неколку месеци на макотрпно рационализирање и ревизии, предлозите стана дел од финалниот текст на Договорот за олеснување на трговијата договорено од страна на членовите на министерската конференција на Бали во декември 2013 година.

врати се горе